Што изјави Еугенија Суарез за раскинувањето?
Многу луѓе ми велеа дека влегувам во неволја што излегував со него. Кога започнавме и тој штотуку раскина со неговата девојка, ми велеа: "Ќе сака да те промени", a jaс одговарав: "Мене никој не ме менува". Можеби другите девојки имале поинаков карактер. Мене никогаш никој не ми даде толкава сигурност како тој. Излегував со многу момчиња кои ме правеа да се чувствувам несигурна или не сакаа да носам кратки фустани, изјави Еугенија Суарез за раскинувањето со Николас Кабре.
Актерката сама го потврди раскинувањето и изјави дека не се работи за некоја трета личност и дека не знае дали е дефинитивно.
Пред четири месеци се роди нивната ќерка Руфина, а денес Еуге се отселила од заедничкиот стан заедно со својата ќерка, која сама ја одгледува.