Остин Махоне зборуваше за неговата иднина со Селена Гомез


Озборувањата кои велат дека Остин Махоне и Селена Гомез се заедно не се новина. Двајцата беа забележани повеќе пати, но дали би можело да има нешто повеќе во иднина или се само пријатели?
Засега сме само пријатели. Излегував неколку пати со неа, таа беше во Мајами, па ме покани на нејзиниот концерт. Беше неверојатна, изјави тој.
Лошото во тоа да излегуваш со позната личност е тоа што нема да можете да се гледате често, бидејќи двајцата сте многу зафатени, но добрата страна е што можете да зборувате заеднички теми и ќе имате некој да ви помогне ако поминувате низ тешко време, додаде.