Питер Ланзани, кој се прослави со сериите на Крис Морена, особено со "Ангели" зборуваше како никогаш досега за својата врска со Мартина Стоесел, како и за "војната" помеѓу неа и Лали Еспосито...
Обрнуваш многу внимание на социјалните мрежи? -Некогаш да, некогаш не... (се смее). Многу е убаво тоа што се случува, она што го пишуваат обожавателите и постојаната поддршка.
Оваа година работеше многу и во театар и на телевизија... -Да, беше напорно. На почетокот, беше малку заморувачки бидејќи немав слободно време, но потоа се навикнуваш и целосно уживав.
Ти понудија ли веќе да глумиш со твојата девојка Мартина? -Не, не, не се уште (се смее). И не знам дали би прифатил! Би сакал да го оставам тоа за мојот приватен живот, целосно одделено. Сепак, никогаш не се знае...
А како ја доживуваш врската? -Добро, среќен, многу радосен. Доживувам голем момент, така да уживам.
Најверојатно и даваш совети, бидејќи имаш повеќе искуство... -Да, кога ќе ми побара, да. Не се мешам многу во нејзиниот живот, се обидувам да ја придружувам и ја поддржувам во се.
Како ја доживеа наводната "војна" помеѓу твојата поранешна девојка, Лали Еспосито и Мартина? -Умрев од смеа. Готово! Обожавателите секогаш ќе се караат, но Лали е со Бенџа, кој е прекрасен, а јас сум со Тини. Сите среќни, секој со своето, а ние не сме заедно веќе долго време. Имавме среќа да останеме пријатели.