Остин Махоне: „Сакам луѓето да ми дадат шанса“


Остин Махоне вели дека иако му се допаѓаат споредбите со Џастин Бибер, сепак тој сака да ги покаже своите вештини.
Навистина ми ласкаат споредбите. Но сакам луѓето да ми дадат шанса за да им покажам дека сум поразличен и свој, објаснува тој.
Тој исто така вели дека последниве недели морал да лежи во кревет, па на "YouTube" истражувал за Ашер, Мајкл Џексон и веќе се вратил во теретана, а е подготвен и за новиот сингл.