10 факти кои не сте ги знаеле за семејството Симпсонови


Омиленото семејство на Американците ја започна својата 25-та сезона оваа есен, а самата серија претставува американска икона. Погледнете ја листата на интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за семејството Симпсонови.

Зошто жолта боја на кожа?
Жолтата боја на кожата е за да може лесно да се препознаат кога ќе вртите канали.

Број на прсти
Сите карактери имаат четири прста, освен Господ и Исус со пет прста.

Најдолга серија
"The Simpsons" е најдолгата емитувана ТВ-серија во историјата.

Најголем број на гости
Серијата има добредојдено повеќе од 600 познати личности како гости во 532 епизоди.

Необичен договор
Продуцентот направил необичен договор со телевизијата FOX, со кој каналот не смее да се меша во пишувањето на серијата, па можеби затоа во некои сцени го исмејуваат.

Инспирација
Мајката на Мет Гроенинг, човекот заслужен за Симпсонови се викала Маргарет, а накратко Марџ, од каде и името на мајката во Симпсонови. Таа се омажила за Хомер Гроеинг, а нивните деца Меги и Лиса, а нејзината сестра се викала Пети.

Арабиска верзија
Во арабиската верзија, Хомер се вика Омар Шамшун.

Компонирање на музиката
На музичарот Дани Елфмен му биле потребни два дена да ја компонира воведната песна.

Рејтинг
Во 19-та сезона серијата имала гледаност од 7.7 милиони гледачи, а во првата во просек по 13.4 милиони.

Премиера
Серијата за прв пат била прикажана на 19 април, 1987 година.