„One Direction“ се најбогатите Британци помлади од 30 години


Откако се прославија во 2010 година, момците од "One Direction" се искачија на листата на најбогати познати личности во Велика Британија. 

Всушност, тие го зазедоа првото место на листата на најбогати познати личност помлади од 30 години, надминувајќи го актерот Даниел Редклиф, кој го глумеше Хари Потер во истоимениот серијал. Тие се на првото место со 59,33 милиони фунти, на второто место е волшебникот Хари Потер со 56,19 милиони фунти и на третото место е Роберт Патинсон со 44,16 милиони фунти.

На листата се и Ема Вотсон, Адел, Руперт Гринт и други.

Сајмон Ковел, менаџерот на групата, пак, заработува околу 100 милиони фунти годишно, а се проценува дека "тежи" 400 милиони фунти.