ТВ серија: Hostages (Заложници)


Членовите на семејството на Елен Сендерс се заложници во својата куќа од страна на Данкан Карлајл, со цел таа да го убие претседателот на САД.

Данкан Карлајл е ФБИ агент, како и лидер на тимот што го држи семејството Сендерс како заложници. Неговата цел е Елен да го убие претседателот на Соединетите држави за време на операцијата која таа ја води. 


Тимот предводен од Данкан остануваат во куќата на заложниците, подготвувајќи ја докторката за нејзиниот голем ден. Сепак, членовите на семејството Сендерс кријат тајни. Брајан, главата на семејството има афера со Саманта, негова колешка од работа. Неговиот син Џејк должи пари, додека неговата ќерка Морган е бремена.

На денот на операцијата, Елен го заменува шишенцето со лек потребно за операцијата, па истата се одложува. Поради тоа, 24-часовната акција на Данкан се претвора во повеќе неделна. Елен открива дека Данкан има ќерка и сопруга и решава да истражува...


потекло: САД
канал на емитување: CBS
актери: Toни Колет, Дилан МекДермот...
премиера: 23 септември 2013 (САД)