Што ќе гледаме следната недела во „Интернат“?


Следната недела, односно во понеделник и вторник ќе можеме да ја гледаме последната епизода од шестата сезона на "Интернат" на Алфа ТВ и најмалку два лика ќе умрат.

Во крати црти: два лика ќе умрат, вирусот ќе се прошири низ интернатот, Хулија е на работ на смртта и проектот "Близнаци" ќе дојде до својот крај.

Вирусот на "Отокс" и количката на Лукас
Откако Хавиер Олгадо ја скрши количката која Лукас ја доби за својот роденден, Евелин ќе го пронајде вирусот и ќе помисли дека тоа е парфем, па ќе сака да му го подари на Лука за роденденот.

Хулија на работ на смртта
Иван и Вики се обидуваат да помогнат на Хулија, но таа се смрзнува и знае дека единственото решение е да отидат во подземните ходници и да ја ослободат Ева од ковчегот. Иван ќе и помогне на Хулија да слезат, но ќе ги фатат луѓе од "Отокс".

Маркос со вперен пиштол во глава
Откако Ритер Вулф успеа да ја зеде Паула, Маркос се најде на нишан на еден од луѓето на неговиот дедо. Сепак, една неочекувана личност ќе му помогне. Штом ќе се ослободи, Маркос има една цел: да ја спаси Паула од нивниот дедо, кој ја сака Паула за да го заврши 60-годишниот проект.

Фермин во рацете на Уго
Фермин реши да се врати во подземните ходници за да го најде лекот, но ќе падне во рацете на Уго, кој ќе слави победа над него, а која ќе биде целосно кога Фермин ќе му каже каде е Саул.

Во среда, пак, ќе започне седмата  и последна сезона, која ќе биде доста поинаква од претходните. Интернатот е опколен со војници и никој не смее да излезе. Маркос, Иван, Вики и Хулија конечно ќе дознаат нешто повеќе за смртта на Каролина.