Питер Ланзани потврди дека е во врска со Мартина Стоесел


Веќе со недели се шират озборувањата за врската помеѓу 23-годишниот Питер Ланзани и 16-годишната Мартина Стоесел.

Сепак, врската беше потврдена, а Питер изјави:
Заедно сме и среќни сме. Не сакаме шпекулации. се гледаме кога и каде можеме и нема да зборуваме во јавност. Сакаме да го живееме ова за нас и за нашите семејства.
Мартина се прослави со улогата на Виолета во истоимената детска серија, а Питер за прв пат го запознала пред три години, кога тој бил познат, а таа била негова обожавателка.