Промената на Марија дел Керо низ годините
Марија дел Керо e родена на 20 март 1985 во Буенос Аирес, Аргентина.
Својата кариера ја започна во далечната 2002 како дел од реално шоу. Својата прва улога ја доби во 2007 година, како дел од "Ромео и Јулија", а година подоцна се приклучи во серијата "Ангели" со улогата на Мелоди, која ја одбележа нејзината актерска кариера. Како дел од групата "MAN" и заедно со "Teen Angels" патуваше на концерти низ цела Аргентина.
По завршувањето на овој феномен, во 2011 се приклучи како Каролина во серијата "Los Unicos", каде повторно глумеше со своите екс-колеги од "Ангели": Еугенија Суарез, Николас Васкез...
Во 2012, беше дел од серијата "Lobo", а истата година имаше кратко појавување во "Dulce amor".
Во 2013, глуми во мини серијата "Sandia con vino", а исто така е водителка во каналот "Yups".