Браќата Џонас ја откажаа турнејата во Северна Амерка, ќе се распаднат ли?


Лоши вести добија обожавателите на браќата Џонас: турнејата на нивните идоли е откажана. 

Ник, Џо и Кевин ја откажаа нивната турнеја во Северна Америка, која требаше да трае до декември, а причината е несогласување за музичкиот правец на групата.

Браќата се скарале за тоа во каков правец да одат со музиката, па поради кавгите ја откажале турнејата. Дали ова значи распаѓање на групата или само пауза?

Сепак, им се посреќи на некои обожаватели кои беа на дел од концертите од нивната турнеја, бидејќи првиот дел од турнејата беше летово, а поминаа низ Канада, Мексико и САД.