Интервју со Пабло Мартинез, Симон од „Ангели“


Пабло Мартинез. Го знаеме како Симон од "Ангели", ги излудува девојките, но сам е. Работи на својот прв солистички албум. Одлично игра тенис.
Дали фраерите страдаат од љубов? -Многу! (се смее) А оние што сме најмногу заљубени, страдаме најмногу. Плачев многу поради љубов, многу лошо поминав. Порано потешко го минував периодот на раскинување. Со времето научив да се сакам самиот себеси.
Сега си сам? -Веќе три месеци. За прв пат немам некоја приказна да врткам наоколу. Никогаш не поминав толку долго време сам и мислам дека не најдов никој бидејќи повеќе барам.
Ти недостасува времето кога беше во врска? -Малку. Недела навечер е многу тешко. (се смее) Но си наоѓам занимација дома: гледам "Game of thrones" или пишувам песни за албумот што ќе го издадам како солист по завршувањето на албумот од "Aliados".
Што бараш во девојка? -Ми се допаѓа да биде уметник, едноставна и семејна. Не ми е толку важен физичкиот изглед, повеќе се фокусирам на личноста. Постојано сум опколен со убави девојки, но сега барам нешто друго.
Дали популарноста ти овозможи да ги освоиш девојките? -Не баш. Вистина е дека девојките повеќе ми приоѓаат и сум благодарен за нежноста што ја добивам, но славата е како илузија. Повеќе би сакал да ме препознаваат поради она што го работам, да ми пишуваат на Твитер дали им се допаднала некоја сцена или не, а не да ми велат дека умираат по мене.