Лали Еспосито вчера доживеа мала несреќа, денес слави роденден


Лали Еспосито, Мар од "Ангели" вчера доживеа мала сообраќајна несреќа, а денес слави роденден.

Возејќи се по авенијата Кордоба се судрила со автомобилот, но за среќа штетата била мала, па само ја уплашило. Таа ги смири обожавателите преку "Твитер" велејќи им дека е во добра состојба:
Добро сум. Ништо не се случи. Само мал удар, ништо повеќе. Ви благодарам.
 Денес, пак, таа ги слави своите 22 години. Среќен роденден, Лали!