ТВ серија: The Blacklist (Црната листа)
Со децении, Рејмонд Редингтон се наоѓа на листата на најбарани бегалци на ФБИ. Сега, мистериозно се предава со понуда дека ќе им помогне да го фатат терористот Ранко Замани, под услов да зборува само со Елизабет Кин.
Денот кога Редингтон се предава е првиот работен ден на агентот Кин во ФБИ, и ќе биде навистина тежок.
Eден ден, Редингтон влегува во седиштето на ФБИ, се претставува, го тргнува шеширот и клекнува на земја ставајќи ги рацете на глава. Најбараниот бегалец сам се предаде. За кратко време, тој е опкружен со полиција. Неговата понуда е да им помогне да пронајдат криминалци, лица за кои сметале дека се умрени или пак, воопшто не знаеле за нив. Црната листа е неговата листа со најкрупните криминалци. Сепак, за возврат сака да разговара само со Елизабет Кин.
Тој е бивш агент и итар криминалец кој го напуштил своето семејство, а таа девојка која ја напуштил родениот татко. Во потрага по Ранко Замани, првиот и едниот од поситните криминалци од црната листа, настрадува Том, момчето на Елизабет. Тој оди во болница, а таа во својот дом открива кутија со лажни пасоши, кеш и пиштол и почнува да се сомнева во своето момче.
Редингтон ја известува Кин дека ќерката на познат генерал ќе настрада, а откако тоа ќе се случи, таа одлучува да побара помош од него и да продолжи со потрагата.
потекло: САД
канал на емитување: NBC
актерска екипа: Џејмс Спејдер, Меган Бун, Диего Клатенхоф...
премиера: 23 септември 2013