Лејди Гага ја објави кавер фотографијата за новиот албум „Artpop“


Лејди Гага ги изненади своите обожаватели преку "Твитер" со објавување на кавер фотографијата за нејзиниот нов албум "Artpop".

Долгоочекуваниот албум ќе излезе во ноември, а Гага на "Твитер" со објавување на фотографијата го спомна и Џеф Кунс, познат уметник кој направи скулптура на Мајкл Џексон. Зошто? Бидејќи централниот дел од фотографијата е всушност скулптура со ликот на пејачката направена од страна на познатиот уметник.

Скулптурата ќе може да се види на забавата за презентацијата на новиот албум.