Селена Гомез принудена да откаже концерти во Русија


Оваа недела, обожавателите на Селена Гомез требаа да го гледаат нивниот идол на сцена во Москва и во Санкт Петерсбург, но останаа разочарани...

Руските власти одбиле да дадат виза на Селена за влез во државата. Причината е бидејќи сметале дека ќе го искористи настапот да ги поддржи правата на хомосексуалците.

Селена продолжува со турнејата во Дубаи, на 29 септември, а потоа следуваат концертите во Северна Америка, кои започнуваат на 10 октомври.