Австралиски билионер ќе клонира диносаурус?


Беше само прашање на време. Штом Мајкл Крихтон ја откри тајната за да си направите свој диносаурус во филмот "Jurassic Park", лудите милионери почнаа да се обидуваат. 

Според Sunshine Coast Daily, близок извор на австралискиот билионер Клив Палмер ги открива неговите планови за клонирање на диносаурус, но Палмер негираше.

Институтот Рослин, установата која беше одговорна за клонирањето на познатиот проект "Овцата Доли", тврди дека ваква операција би било речиси невозможна.

Палмер е човекот кој прави и реплика на Титаник, па може се да се очекува.