Интервју со Гастон Далмау, Рама од „Ангели“


Од актер до водител! Гастон Далмау, кој го глумеше ликот на Рама во "Ангели" ужива во неговиот живот во Њујорк каде студира глума, музика и пеење. Од неодамна, започна со водителска кариера во каналот "Yups", каде води емисија со културни новости и прошетки од Северна Америка.

Како ја доживуваш оваа нова етапа во Њујорк? -Многу добро, добро се навикнав и многу ентузијастички кон сето она што го запознав и што го учам.
Беше тешко да се навикнеш? Како стоиш со јазикот? -Не беше многу тешко, јазикот го имав доста добро научено, бидејќи учам англиски јазик уште од многу малечок, но периодот кој го поминав овде научив повеќе од кога и да било, така да секој пат зборувам се подобро... или барем така мислам (се смее). И покрај јазикот, овој голем град те прави дел од него многу брзо, те прави да се чувствуваш удобно и добредојдено.
Ти недостасува семејството, пријателите, обичаите...? -Не сум тип на човек на кого му недостасуваат нешта, бидејќи многу се навикнувам на патувањата, на далечината, и не мислам на она што останало зад мене, туку на она што допрва ќе доаѓа. Да, ми недостасува ручек со семејството или средба со пријателите, но сега со технологијата човек не се чувствува толку далеку, секојдневно сум во контакт со семејството и пријателите, како преку "скајп", така и преку телефон.
Како се замислуваш за 10 години? -Незнам како и каде, но знам дека би го правел она што ми се допаѓа и би уживал во тоа. Тоа е нешто што го барам во што и да правам.
Лали Еспосито започна солистичка кариера, би сакал ли и ти да се обидеш на ист начин? -Да, но чувствувам дека не е моментот. Верувам дека се треба да биде, кога треба да биде.
Кога ќе се вратиш во Аргентина? Колку време планираш да останеш таму? -Наскоро ќе се вратам на посета, не знам колку ќе останам во САД. Сега сум жител на САД и имам опција да ги разгледам можностите тука, но не ја испуштам можноста да се вратам во Аргентина.