Кои се највлијателните познати личности помлади од 21 година?
Момците од "One Direction" беа избрани од "Billboard" како највлијателни познати личност помлади од 21 година за 2013 година.
Тие се најдоа на првото место, пред Џастин Бибер, кој од првото место минатата година се спушти на второто. Третото место го зазеде Мајли Сајрус.
Групата се најде на првото место поради големиот успех на албумот "Take me home", кој беше на топ листите во многу држави. Исто така, 6 нивни песни се најдоа на "Billboard Hot 100" листата, а голем успех беа и нивниот филм и турнејата.
Ова е топ 10 листата на највлијателни познати личности под 21 година:
1. One Direction
2. Џастин Бибер
3. Мајли Сајрус
4. Ариана Гранде
5. Ерл Свитширт
6. Лорд
7. Остин Махоне
8. Скути МекКрири
9. Коди Симпсонс
10. Емблем3